среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 30 ново

Ме ограбија во Истанбул, останав без бакшишот од свадбата во Бејрут

Ѓоко Таневски минатиот месец беше дел од луксузната свадбена прослава на либанската двојка Јасмин и Јусеф. На враќање од Бејрут се соочил со голема непријатност и останал без целиот хонорар и бакшишот кои ги заработил на свадбата.

Додека го чекал летот за Скопје, џепчии го пресретнале пејачот во Истанбул, незабележано му ги собрале сите пари кои ги имал во торбата која ја носел со себе, а дека е ограбен забележал дури кога слетал.

Точно е дека ме ограбија, но не сакам да зборувам на таа тема, не можам да се потсетувам на тоа. Се случи, и јас не знам како, но што е тука е, да сме здрави и живи, вели пејачот, кој не сака да открие за колкава сума бил олеснат, но низ Охрид се шушка дека се движела меѓу шест и осум илјади евра.

 

Top