вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 79 ново

Му преседна радоста: Цел свет му фаќа сеир за библиското име на ќeрка му

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг објави дека неговата сопруга Присила Чан ја родила ќерка, а Марк го објавил и името на девојчето. Секако, на толку ивентивно име никој не би останал рамнодушен, а интернет сеирџиите најмалку.

Како што направи и кога му се роди првата ќерка Макс, првиот човек на Фејсбук објави емотивно писмо адресирано до девојчето кое ќе се вика Август.

Името, очекувано, не им се допаднало на неговите следбеници, па наместо срценца Марк доби грст сеирџиски коментари.

„Како ќе го крстите? Лесно, кој месец е, така нека се вика“, „Дали средното име ѝ е понеделник?“, „Замислете да се родеше во октомври“. Секако, има и такви кои тврдат дека името е убаво, а згора на сѐ и библиско.

Top