четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 107 ново

Хеведес ќе го носи црно-белиот дрес – Јуве ја засилува својата одбрана

Заминувањето на Леонардо Бонучи од Јувентус и тоа како ја ослабна одбраната на италијаснскиот шампион кој во првите натпревари на почетокот на сезоната, како и во подготвителниот период, не изгледа сигурно во задниот ред како некогаш. Токму заради тоа, челниците на Јуве месецов беа во потрага по централен дефанзивец кој ќе треба да го замени Бонучи по неговото преминување во Милан.

По неупешните обиди за обезбедување на услугите на Матс Хумелс, Јуве на неколку дена пред крајот на трансфер периодот се чини дека го најде своето засилување. Се работи за германскиот репрезентативец, Бенедикт Хеведес кој според пишувањата на реномирани германски и италијански медиуми е пред потпис со Јувентус.

Според извештаите на Ди Марцио, тој утре стигнува во Торино на лекарските прегледи, а „старата дама“ за неговите услуги ќе му плати на Шалке 3,5 милиони евра, за позајмица на една сезона, а доколку следното лето сака да го откупи договорот на Хеведес, ќе треба да плати уште 11,5 милиони.

Top