вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 109 ново

Борусија Дортмунд експресно најде замена за Дембеле

Само еден ден откако официјално беше потврдено дека Осман Дембеле од Дортмуд преминува во Барселона, Германскиот гигант не чекаше многу да му најде замена. Тие вчера го претставија одличниот крилен напаѓач, Андриј Јармоленко како ново засилување, кој ќе треба го покрие отуството на Дембеле по крилните позиции.

Ако се земе в предвид дека „милионерите“ за Дебеле инкасираа 105 милиони евра, а ангажманот на Јармоленко ги чини скромни 25 милиони, повторно бележат значителна заработка која може да да ја искористат за уште некое засилување до крајот на преодниот рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top