среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Солаковски: СДСМ е одговорна за уништената иднина на Струга

Разговор со Солаковски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Сејад Солаковски, лекар и спортски работник, што беше мотивот да се влезе во политиката и во ВМРО-ДПМНЕ?

Солаковски: ВМРО-ДПМНЕ претставува светилник за заштита на Македонија, традицијата култура, не само на Македонскиот народ но и на сите други народи во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е десничарска конзервативна партија која верува дека семејството е многу значајно во општеството, дека тоа треба да се заштити и промовира како основна клетка во едно општество. ВМРО-ДПМНЕ е партија која верува и ја подржува религијата. Тоа беше партијата која воведе веронаука, која веронаука значи подобар морал за младите, разбирање на својата и другите вери и изградба на посилни личности а додека СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците може да видиме дека се партии кои подржуваат други вредности како подржка на ЛГБТ заедницата, подржка на посвојување на деца од двајца мажи или двајца жени, подржка за брак помеѓу двајца мажи и слично, кои се тотално надвор од она што значи наша традиција и култура.

ВМРО-ДПМНЕ исто така јасно и недвосмислено ги вклучи муслиманите во своите редови и им даде можност за активно вклучување во сите партиски структури а и во раководењето на државата. ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи за доброто на народот. Тоа е партија која ги зголеми пензиите, изгради патишта, го модетрнизира образованието, подршка на спортот, донесе нови инвестиции, воведе подршка за семјествата со трето дете и со тоа и помогна за демографското закрепнување на државата.

Ова е во целосна спротивност со она што го промовира СДСМ а тоа е намалување на пензии, тоа е кратење на подршка за семејствата, подршка на нетрадиционални бракови, зголемување на цена на струјата, подршка и либерализација на алкохолот и дрогите, никакви инвестиции во нашето населено место и слично.
Верувам дека ВМРО-ДПМНЕ е онаа политичка опција која не е смао партија туку е начин на живот! Да си вмровец значи да си пред се добар човек, отворен кон сите, да го подржуваш семејството и семејните вредности, да веруваш во бога и во себе во целта за изградба на една силна Македонија. Сметам дека тоа сум јас!

Родител на 3 деца, доктор, хуман човек, спортски работник. Јас природно припаѓам во ВМРО-ДПМНЕ заради мојот начин на живот.Верувам дека се повеќе луѓе тоа ќе го осознаат и ќе се вклучат во партијата.

Што можат граѓаните да очекуваат од новиот ИК на партијата, кој ќе биде новиот правец на делување?

Солаковски: Сметам дека новиот ИК е интересен спој на искуство, на младост, на знаење и мудрост. Верувам дека новиот извршек комитет ќе допринесе за уште посилно позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ и проектирање и пласирање на нашите ставови за сите свери на функционирање на државата. Во новиот ИК има доста искусни луѓе за кои сметам дека имаат капацитет да работат и создада услови за една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори но и на едни брзо потоа и парламентарни избори.
Би сакал да споменам дека во новиот ИК имаме исклучително квалитетни кадри како генералниот секретар г-дин Мицковски, искусни како основачите Диана Транталовска, млади но со огромно искуство како Александар Николоски, и сите останати нека ми простат што не ги споменувам сите но тоа е еден одличен тим кој со претседателот Груевски ветува многу во следниот период.

Сепак најважно е да се напомене дека јасна е насоката на претседателот Груевски за се поголему вклучување на муслиманите во ВМРО-ДПМНЕ. Така овој пат има 4 муслилани во ИК со што ВМРО-ДПМНЕ јасно се позиционира дека ова е партија што се грижи и вклучува како Македонци, така и Турци, Босанци, Власи, Срби но и Албанци. Верувам дека ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе стане избор не само за голем број на граѓани од сите националности но и за голем број на Албанци кои јасно се разочарани од политичките партии на Албанците а и за членови и симпатизери на СДСМ кои сега гледаат дека само во помалку од 100 денови, СДСМ успее да распродаде дел од националните интереси, успее да промовира ЛГБТ активисти, да предложи намалување на пензии, зголемување на цена на струја, поставување на апсолутно некомпетентни кадри на раководни позиции и слично.

ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува зрелост во водењето на државата. Никој во Македонија не е безгрешен, сите ние сме луѓе и правиме грешки, но важно е да се каже КОЈ направи повеќе за овој народ и оваа земја. Тоа лесно може да се провери и сметам дека овој ИК ќе успее тоа да го пласира до секој човек во државата.

Што ВМРО-ДПМНЕ им нуди на стружани и струшко повеќе од своите политички противници?

Во Струга се уште не ми е јасно како може некој стужанец да гласа за СДСМ. СДСМ е одговорна за уништената иднина на Струга, на Лабуништа и на многу населени места со старата територијана поделба на државата. СДСМ направи такви катастрофални грешки кои нема да се забораваат со децении.
Да не збориме дека во СДСМ нема ни еден на висока раководна позиција, нема ни еден пратеник од СДСМ, нема ни еден функционер. Тоа јасно покажува колкава е грижата на СДСМ за нашиот народ од Лабуништа, Октиси, Подгорци и Боровец.

Во однос на Општина Струга, сметам дека е веќе многу јасно пред се на лабуништани но и на сите во Струга дека времето се менува. На сите им е јасно дека до сега имавне двајца комплетно неуспешни градоначалници кои не направија апсолутно ништо за населението. Всушност направија нешто:

-Ни донесоа во Лабуништа 10 каменоломи и ја зголемија бројката на заболени од карциноми и болести на дишните патишта
-Ни донесоа диви депонии на секој чекор кој се палат неконтролирано
-Ни донесоа рестрикции за вода какви до сега не сме виделе
-Ни донесоа блокади кога се работеше за инвестиции во нашиот регион донесени од ВМРО ДПМНЕ како салата која 2 години беше блокирана од градоначалникот Села.
-Ни донесоа промоција на лица со сомнителен морал, секакви невладини органзиации кои промовираат ЛГБТ и вредности кои се спротивни на традициите на народот кој живее во нашиот град.
-Ни донесоа зголемени давачки, намалени плати, зголемена цена на струја и уште многу други работи кои ни најмалку не се позитивни.

ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција за Струга и тоа е максимална поддршка на стружани. Тоа се прави преку изградба на патишта, болници, спортски сали, фабрики во кои веќе се вработија првите луѓе од нашиот град, поддршка на мали бизниси преку старт уп сретства од државата, подршка за вработување со проектот Македонија вработува, подршка на политиката за трето дете и слично. На локално ниво сметам дека ВМРО-ДПМНЕ има уште многу што да допринесе за градот. Верувам дека следните избори ќе бидат интересни и дека народот ќе гласа за свој кандидат, за партија која ги одразува гледиштата и начинот на живот на населението кое живее тука и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори.

Кои се вашите погледи за иднината на државата, каде ја гледате за десетина години?

Солаковски: Моите погледи за државата се доста позитивни. Јас силно верувам дека Македонија има сила да напредува, да се развива и гради како модерна европска држава со развиена индустрија но пред се држава и економија базирана на знаење. Сметам дека Македонија ќе ги развива своите односи со САД како стратешки партнер и со Европската Унија како природно семејство во кое припаѓаме. Сепак многу работи зависат и од граѓаните на Македонија и на кого тие ќе го дадат гласот на следните избори.

Мора да бидете реалисти и да кажеме дека можно е и едно полошо сценарио во кое СДСМ ја распродава иднината на Македонија и националните интереси, менува име, јазик, култура, промовира вредности кои се апсолутно спротивни на традиционалните и гради држава која е со безличен народ и безлични луѓе.
Сметам дека е време сите народи во Македонија силно да кажат стоп на оваа политика на самоуништување бидејќи на овој начин нема да изгуби само Македонецот, ќе изгуби и Албанецот и Турчинот и сите останати во Македонија.

На крај би споменал дека сепак јас сум човек, кој решил својот живот да го потроши на една професија која ќе работи за населенито. Јас сум човек кој верува во крајното добро и дека со една силна вера во бог и голем ангажман, може да направиме една рајска градина, една држава со сите нишани, развиена и напредна во која ќе живеат и работат нашите деца и внуци.

Top