понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 117 ново

Наместо да собира мигранти, Владата нека се грижи за социјално ранливите категории

Граѓаните масовно се изјаснуваат против населувањето на мигранти и создавање мигрантски кампови.

Денес во паркот Жена-борец во центарот на Скопје, граѓаните испратија порака дека новата Влада треба да се грижи за своите граѓани, а не да троши средства за мигранти кои прават нереди во други држави.

-Нивно доселување е голем ризик за безбедноста во Република Македонија и за стабилноста. Со наплив на поголем број на луѓе за кои треба да се направат домови, да се вработуваат и едуцираат, ние немаме таков капацитет да го издржиме. Имаме наши граѓани сместени во прифатилишта кои добиваат скромен оброк. Сегашната Влада нека се осврне на сопствените граѓани. Тука ќе се промени сликата во составот на население во нашата држава, вели еден граѓанин.

– Нивно доселување во Македонија ќе има огромен негативен ефект за сите граѓани на Република Македонија, судејќи по настаните кои се случија периодов во други држави каде се населија непосредно близу до големи и главни градови. Сметам дека Македонија нема доволно ресурси за да се справи со вештачки донесени мигранти и тие што ги има подобро е да ги искористи за граѓаните на Македонија од социјално ранливи категории на кои им е потребна помош, рече граѓанин кој се потпиша на иницијативата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top