вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 76 ново

Пионерите пресилни за Полска

Успехот против селекцијата на Полска (78:66), го избриша неуспехот во претодниот меч со Украиина, па сега избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ ќе се борат за петтото место на овој силен турнир.

Успехот против селекцијата на Полска (78:66), го избриша неуспехот во претодниот меч со Украиина, па сега избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ ќе се борат за петтото место на овој силен турнир.

Селекцијата на Македонија под 14 години дојде до вториот позитивен резултат на турнирот во Словењ Градец.

Во натпреварот за пласман, нашиот пионерски состав беше подобра од оној на Полска. Славеа нашите млади кошаркари со сигурни (78:66), па на последниот ден од овој супер силен собир, ќе се борат за позицијата број 5, каде ги чека дуел со победникот од средбата Украина-Унгарија.

Дури пет кошаркари имаа десет и повеќе реализирани поени.
Најмногу, по 13 уфрлија Наумоски и Величковски, 11 дојдоа од Митревски, додека пак по десет постигнаа Софрониевски и Кларица. Трпески имаше еден помалку, додека пак во листата на стрелците влегоа и Боцевски (6), Петков (4) и Ѓорѓевиќ со два поени.
Овој меч е петти за македонската селекција која има скор од две победи и три порази.

Top