среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Македонија против Словачка и Швајцарија во претквалификациите за ЕП 2021

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби протиивниците во претквалификациите за пламан на Европското првенство во 2021 година, откако ждрепката во Минхен (Германија) посака нашата селекција да ги одмери силите со Словачка и Швајцарија. “Црвено -жолтите” беа сместени во првиот шешир заедно со Ерменија и Португалија.

По катастрофалниот квалификациски циклус за пласман на СП во 2019 година, избраниците на селекторот Јорданчо Давитков, повторно ќе немаат директен пристап за главната квалификациска рунда ниту за Евробаскет 2021 година.

Во втората група Албанија ќе ги одмери силите со Ерменија и со Данска, додека во групата Ц ќе се натпреваруваат Кипар, Португалија и Луксембург.

Победниците на овие три групи ќе се најдат во главните квалификации за европското првенство, додека оние поразените ќе се преселат меѓу селекциите со најнизок ранкинг во Европа.

Top