понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Бразилецот Серџо Антонио нов играч на Работнички

Бразилецот Серџо Антонио Да Луз Жуниор е најновото засилување на Работнички за новата сезона. Со 23-годишниот напаѓач кој доаѓа од редовите на албанскиот Скендербег „романтичарите“ потпишаа едногодишен договор, со можност за продолжување на истиот на уште една година.

– Среќен сум што доаѓам во клуб како Работнички за кого знам дека е еден од најдобрите во Македонија. Верувам дека ќе може да му помогнам на тимот оваа сезона да дојде до своите цели, рече Жуниор по промоцијата во новиот дрес.

Серџо Антонио потекнува од фудбалската школа на Бело Хоризонте, од каде потоа се сели на европскиот континент.

Top