сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Големата грешка на СДСМ – Жерновски: Нема сенс за јавните простори, сообраќајот, децата, хендикепираните и велосипедистите

Кандидирањето на Жерновски ќе биде катастрофална грешка за коалицијата. Човекот нема никаков сенс за јавните простори, за доброто на послабите учесници во сообраќајот, за децата, хендикепираните, велосипедистите вели Никола Наумоски братучед на министерската за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за Мактел. Според него, Жерновски е човек кој ниту еднаш не се појавил на работа на точак, оди со кола низ Дебар Маало, никогаш не платил казна или имал проблем да најде паркинг и според тоа не може да знае каков е животот на овие луѓето во Центар.
Во однос на улиците и школите, тука лежи најголемата манипулација на Жерновски. Погледнете ги новите улици во општината. Реновирани се само коловозите, но не и тротоарите! Улицата не е само делот што го користи тој (оној со колите)! На секоја од новите улици тротоарот е претворен во паркинг (кој патем корумпирано се наплаќа), на оние каде што има столбови за да ги заштитат пешаците, сепак не се проодни затоа што се неисчистени од стара урбана опрема. Во Дебар Маало нема ни 50 метри слободен тротоарвклучувајќи ја и најголемата лажга – Боемска улица“, вели Наумоски.

Според него ПОЦ е бесмислено претпријатие. Тој тврди дека ПОЦ нема никаква мисија да го уреди јавниот простор, да воведе ред, да едуцира, да помага.„Целта им е само да генерираат поголема наплата и затоа не им е проблем да наплаќаат и од неуредно паркирани коли на необележани места. Општина Центар нема поим колку коли има во општината, колку секојдневно се влеваат и излеваат, колку паркинг-места има, колку од нив се на улица, колку се на тротоар, колку има во приватни гаражи или парцели, вели Наумовски.


Во врска со сообраќајната несреќа во Дебар Маало, во која загина жена, Наумоски вели дека конкретната уличка („Грубишиќ“ и „Дебарца“) била тема на разговор и преписки со Жерновски многу одамна и многу често.

„Му укажавме дека има хаос на улицата, дека нерегуларно се паркира, а никој не казнува, дека секојдневно има камиони што возат во рикверц (заради запушената улица) на место каде што има школо, библиотека и факултет, каде старци секојдневно одат на пазар и се враќаат со тешки торби. Жерновски не само што ги изигнорира нашите барања, туку и сакаше да ја направи уличката двонасочна и да ја отвори кон Партизанска, врли Наумоски и обвинува дека Жерновски сакал да прошверцува и бензинска пумпа на местото на пазарчето и притоа потенцира дека лошо поставените и изградени згради ја спуштаат вредноста на соседните станови, го влошуваат проблемот со паркингот, со тротоарите и никако не придонесуваат кон подобар локален развој.
Top