среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 100 ново

Антикорупциска го прифати приговорот на Љупчо Георгиевски за неговото разрешување

Државната комисија за спречување корупција смета дека претставката на поранешниот директор на Агенцијата за планирање на просторот, Љупчо Георгиевски, кој поднесе приговор против управниот одбор за неговото разрешување, е основана бидејќи тој бил разрешен истиот ден кога биле распишани локалните избори.

Антикорупциска едногласно донесе одлука за понатамошно постапување по претставката.

Георгиевски е осомничен во случајот „Траекторија“ на СЈО, заедно со поранешниот премиер Никола Груевски, Владимир Пешевски и Миле Јанакиевски.

Top