вторник, 26 септември 2017 | Вести денес: 138 ново

Како кралот на Саудиска Арабија оди на одмор: Резервирал 800 соби и потрошил 100 милиони евра

Кралот на Саудиска Арабија, Салман ел Сауд, е позат како човек кој знае да потроши астрономски суми, а летниот одмор оваа година го чинел неверојатни 100 милиони евра. Тој го обожава летувалиштето Тангер во Мароко, каде престојувал и оваа година.

Годишниот одмор го започнал на крајот на јули, а уште на аеродромот бил пречекан од мароканскиот премиер. Кралот Салман таму стигнал со придружба од илјада луѓе за кои во најлуксузните хотели резервирал повеќе од 800 соби.

Тој исто така изнајмил 200 автомобили, а со себе донел и неколку свои возила. За неговите потреби биле ангажирани и повеќе кетеринг компании кои ја служеле кралската свита.

Колку и да звучи мегаломанкси, ова за кралот Салман не е ништо невообичаено. Тој во март кога бил во Индонезија со себе понел цели 460 тони багаж и придружба од 620 луѓе.

Се на се, цифрата од 100 милиони евра која тој ја потрошил во Мароко е само 1,5 отсто од планираниот приход од 6,5 милијарди евра кои земјата очекува да ги заработи оваа сезона од странски туристи.

Top