вторник, 26 септември 2017 | Вести денес: 138 ново

Вучиќ: Овде нема љубов, само интереси (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТС вели дека се води кампањата да се претстави Србија дека кова заговори со цел Македонија да гласа за влез на Косово во УНЕСКО и ја смирува српската јавност дека српската разузнавачка служба е многу силна, така што Србија во секој момент знае што правела Македонија. Вучиќ нагласи дека Србија нема да дозволи да биде вовлечена во играта и предупреи дека сите во светот се информирани какви игри се играат.

Ние ништо не бараме од Македонија, вели Вучиќ.

-Како знаев дека ќе го сменат ставот за УНЕСКО? Тоа што се трудат да направат слика дека Србија е единствена црна точка на Балканот, која со Русија наводно прави заговор. Тие многу добро знаат што се знаеме. Јас ја подржав одлуката на Ивица Дачиќ. Ова беше начин да им кажемеЗнаеме се што правите, ве молиме немојте, зошто не ви посакуваме ништо лошо. Иако вие сте тие што ќе гласате за Косово во УНЕСКО, зошто е тоа јасна одлука на владата, иако се прават блесави на вашата телевизија дека не разбираат. Јас ви викам дека ќе гласаат за Косово во УНЕСКО, дали ќе бидат предлагачи не знам, зошто е тоа малку тешка позиција за нив, рече Вучиќ.

Вучиќ не е оптимист дека односите меѓу Македонија и Србија некогаш повторно ќе бидат на највисоко ниво

Ќе разговарам со Зоран Заев, можеме да разговараме за економијата. А, тоа да ни кажувате дека не сакате и да гласате секогаш против нас, ве молам немој да ни кажувате. Ние против вас ништо не направивме, ве признавме под уставно име спротивно на волјата на ЕУ. Луѓето нека не се грижат, ќе има мир и стабилност, овде нема љубов, туку само интереси, рече Вучиќ.

Top