понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

За проблемите на земјоделците ќе нудиме решенија – реални и остварливи, со буџет кои ќе расте

Драги Димитриевски е професор на Факултетот за земјоделски науки и храна. Во два мандата ја извршувал функцијата декан на Факултетот за земјоделски науки и храна. Има објавено повеќе од 80 научни и стручни трудови, и бил ангажиран во голем број научно-истражувачки проекти од областа на земјоделството. Со неговото искуство и знаење од земјоделството се очекува дека ќе придонесе многу во овој сегмент во партијата. Во ова интервју зборува за аграрната политика и за фокусот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во кој беше избран за член

 

Вие сте еминентен професор, кој доаѓа од Земјоделскиот факултет во Скопје, како се гледате себе во ВМРО-ДПМНЕ и што е тоа, што ќе и понудите на партијата?

ДИМИТРИЕВСКИ: Јас сум долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој јавно ги истакнувал и застапувал политиките и идеологијата на партијата. Како професор и академски работник во период од два мандата или вкупно осум години бев декан на Факултетот за земјоделство, без да ја кријам мојата партиска припадност. Она што и во минатото, особено сега ќе го понудам на партијата ќе биде мојата посветена работа, во областите за кои сметам дека сум компетентен, а пред се во делот на земјоделството. Секако моето искуство со водење на високо-образовна институција, ми овозможи добро искуство и во делот на образованието, така што и за овие аспекти ќе дадам свој придонес. Покрај стручните знаења, за предност ги сметам и моите контакти и етаблираност помеѓу луѓето од различните средини и социјални категории, што ќе го искористам за промовирње на политиките и идеите кои ќе произлезат од органите и телата на партијата.

Зошто политички се активирате преку ВМРО-ДПМНЕ?

ДИМИТРИЕВСКИ: Мојот сегашен ангажман во највисокиот извршен орган на ВМРО-ДПМНЕ – Извршниот комитет, доаѓа во период на сериозна политичка криза во која се најде државата. Верувам дека со новите освежувања во партиските структури (чиј дел сум и јас), ВМРО-ДПМНЕ ќе се издигне и ќе ја надмине кризата во која беше непринципиелно втурната и дека ќе го вратиме мирот и спокојот на граѓаните. Мојот мотив е да докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка сила која произлегува од народот и во вакви тешки моменти за зачувување и одбрана на унитарноста на државата, е единствената партија која нема да подлегне на притисоци за нејзина дезинтеграција.

Што ќе биде фокусот на новиот ИК?

ДИМИТРИЕВСКИ: Ако се вратиме на првото прашање, точно може да се види дека главен фокус на мојот интерес произлегува од мојот професионален ангажман како професор кој ја покрива областа на аграрната политика. И во целиот изминат период на практицирање на власта на ВМРО-ДПМНЕ, сум бил учесник во креирањето на моделот и мерките на аграрната политика коа во фокусот го имала македонскиот земјоделец. ВМРО-ДПМНЕ и владата на ВМРО-ДПМНЕ често пати во минатото ја нарекувале неретко и со потсмев „земјоделска“ или „селанска“, но тоа го сфаќам како гордост и ми било дополнителен мотив да се залагам за земјоделците и селаните за нивна подршка преку градење на мерки на политиките за нивен подобар живот. Застанувајќи зад земјоделците ВМРО-ДПМНЕ обезбеди буџет кои во историјата во минатото не можело да се замисли (само за споредба владата на ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми поддршката за земјоделците за 25 пати во однос на она што претходно СДС го имаше). Дали ќе продолжиме со овој тренд? СЕКАКО! Не само што ќе продолжиме туку ќе го надградуваме целиот систем и за сите проблеми на земјоделците ќе нудиме решенија – реални и остварливи, со буџет кои ќе расте.

Што мислите за актуелната владина политика кон земјоделието и нивниот однос кон земјоделецот во целина?

ДИМИТРИЕВСКИ: Актуелната влада нема понудено своја политика за земјоделството. Она што е официјално како програма за земјоделството на оваа влада е копија или лоша адаптација на мерките и инструментите што ВМРО-ДПМНЕ ги градеше и реализираше во минатиот период. Онаштово овој период слушаме од оваа влада, а како нивна фалба за пресврт на политиките што е безмалку смешно,епрераскажувањенаполиткитеиреализирање на меркитешто владата наВМРО-ДПМНЕ ги проектираше. Но морам да истакнам и тоа дека имаат и неколку мерки (сеуште во најава), како и најави на нови модели на подршка, кои се надминати во некој дамнешни времиња и кои не го водат Македонското земјоделство кон современите аграрни политики, односно го враќаат назад во постигнувањата кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи за негово прилагодување кон Заедничката земјоделска политика на Европската Унија како наша стратешка политичка цел за интеграција на РМ во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top