петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

Одложено дербито Работнички – Вардар кое требаше да се игра во недела

Дерби натпреварот од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Работнички и Вардар е одложен во договор меѓу двата клуба, а потврдено официјално и од Фудбалската федерација на Македонија. Терминот за одигрување на овој дуел ќе биде дополнително одреден.

Работнички се одлучи да излезе во пресрет на барањето на Вардар за одложување на дуелот кој, согласно календарот на ФФМ, требаше да се одигра в недела (27 август). Но, поради обврските на европската сцена и натпреварот со Фенербахче во Истанбул на 24 август, Вардар испрати барање за одложување на средбата.

Со оглед на фактот дека од понеделник (28 август) стартуваат и репрезентативните подготовки за квалификациските натпревари против Израел и против Албанија, одлучено е дополнително да биде одреден терминот за одигрување на дерби пресметката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top