сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Спасени трите деца кои останаа затрупани по земјотресот во Италија

Италијанските спасувачки екипи извлекоа двајца од тројцата браќа кои беа затрупани под остатоците од куќата што се распадна на италијанскиот остров Исксија, по земјотресот со јачина од 4 степени, кој се случи синоќа.

Третиот брат е пронајден и спасувачките тимови дојдоа кај него. Еден од браќата е седуммесечно бебе.

Досега се пријавени два смртни случаи во земјотресот, јави ДПА, додека најмалку 39 лица се повредени.

Top