среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 106 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Антиреформската влада на СДС повторно ги излажа граѓаните, Тевдовски ја задолжи Македонија со 334 милиони евра

Антиреформската влада на СДС повторно ги излажа граѓаните. СДС се расфрлаше со предизборни ветувања, ветуваше кули и градови, но од тоа граѓаните не видоа ништо. Граѓаните продолжуваат да очекуваат дека СДС ќе ги исполни ветувањата за да овозможи нови 64.000 работни места и просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, а пак докторите очекуваат плата од 100.000 денари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Министерот за задолжување Тевдовски досега ја има задолжено Република Македонија со 334 милиони евра. Иако се распишуваат нови аукции на државни хартии од вредност, граѓаните не гледаат никаков бенефит од тоа. Волшебниците на СДС успеваат само да направат парите да исчезнат. Граѓаните гледаат дека овие пари не одат за покачување на платите и пензиите или нови проекти туку се трошат за партиски вработувања на СДC, стои во реакцијата.

Од партијата велат дека јавноста добро виде како се трошат нивните пари. Граѓаните не сакаат нивните пари да одат во џебовите на криминалците и платениците на Сорос и на шарената револуција

-Одговорност за ваквите штетни политики мора да има. Неспособната влада на СДС предизвикува само хаос и неизвесност. СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност и со јасен одговор од граѓаните на Република Македонија, вела од партијата.

Top