среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Србите останаа без Теодосиќ за претстојното Европско првенство

Навивачите на српската кошаркарска репрезентација денеска добија лоша вест откако е потврдено дека на Европското првенство нема да настапи капитенот Милош Теодосиќ.

Кошаркарот кој летово потпиша за Л.А. Клиперс има хронична повреда на листот на ногата, а денеска лекарските тимови на репрезентацијата и НБА клубот донеле заедничко решение дека таа не може да биде санирана до почетокот на Евробаскетот.

Затоа, Теодосиќ ќе ја продолжи рехабилитацијата и нема да биде дел од составот на Александар Ѓорѓевиќ од кој претходно отпаднаа и Радуљица, Симоновиќ и Бјелица.

Top