вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 107 ново

Засилување на одбраната: Габриел и Муриљо нови играчи на Валенсија

Валенсија во само неколку часа потпиша договори со двајца централни дефанзивци, Габриел Паулиста и Џејсон Муриљо. Габриле Паулиста е пораншен играч на Виљареал, а во Валенсија дојде од Арсенал. Валенсија за Бразилецот издвои 11 милиони евра, тој потпиша договор до 2022 година, а откупната клаузула во договорт му изнесува 80 милиони евра.

Колумбиецот Муриљо пак, кој може да игра на неколку позиции во одбраната во наредните две сезони ќе настапува за тимот од „Местаља“ како позајмен играч од Интер. Валенсија потоа ќе има опција да го откупи неговиот договор.

Top