недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 59 ново

Две сообраќајки и двајца загинати на македонските патишта

На локалниот пат с.Едрениково-с.Трибичино во Струмица вчера, во периодот од 14:30 до 18:00 часот,се случила сообракајна незгода во која Т.Л. (77) од Струмица, управувајќи трактор „Масеј Фергусон“ без регистарски ознаки, со приколка, изгубил контрола над тракторот и излетал на левата страна од коловозот и се превртел.

Од здобиените повреди, Т.Л. починал на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струмица.

На 19.08.2017 година во 20:05 часот на регионалниот пат с.Удово-Валандово, на место викано „Расадник“ кај с.Јосифово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (31) од с.Јосифово, валандовско, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (43) од с.Блаце, скопско и трактор „ИМТ“ со приколка без регистарски ознаки, управуван од Р.Ч. (52) од с.Јосифово.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот на возилото „Опел Астра“. Возачот на возилото „БМВ“, А.Т. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот во истото возило З.Ш.(21) од с.Удово, валандовско, се здобил со телесни повреди.

Top