понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Арсовски: Со ангажирањето на клептоманот Башановиќ, Заев докажува дека си бара слични на себе во најблиското окружување

25.000 евра годишно граѓаните на Македонија ќе го плаќаат српскиот естраден менаџер Зоран Башановиќ. Ни помалку ни повеќе туку 25.000 евра. Толку чинат услугите што српскиот естраден менаџер Башановиќ му ги дава на Заев, а ги плаќаме ние граѓаните, изјави на денешната прес-конференција потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски пред Владата.

-Затоа граѓаните имаат право да знаат што го советува Башановиќ, новиот премиер Зоран Заев? По што советите на српскиот естраден менаџер се разликуваат од советите на пејачката Цветанка Ласкова?, праша Арсовски.

Вели дека на кој начин тој ќе ја заработи платата од 2.000 евра која му се исплаќа директно од џебот на граѓаните.

-Со платата на Башановиќ од 25.000 евра може да се исплатат 60 стипендии за најдобрите студенти. Знае ли Заев што би значела паричната помош од по 500 евра за 50 социјално загрозени семејства, доколку одлучи да не го полни со пари српскиот естраден менаџер, туку да им ги додели на нив? Дали српската мешетарска спрега Башановиќ, Обрадовиќ и Заев ќе донесе уште еден бонбона бизнис за СДС во кој мета ќе биде продажбата на ЕЛЕМ. На јавноста Зоран Башановиќ и е познат по своето клептоманство и низата скандали за кој е пишувано по медиумите во регионот. Тој е познат по кражба на ќебиња, потенцирам ќебиња во Флорида во вредност од 5.000 долари за што потоа и бил уапсен, истакна Арсовски.

Посочи дека со ангажирањето на, како што рече, клептоманот Башановиќ, Заев докажува дека си бара слични на себе во најблиското окружување. Овој менаџер, додаде потпретседателот на УМС, единствено може да помогне во распродажбата на Македонија која ја отпочна СДСМ уште во времето на транзицијата во 90-тите години.

-Раскалашеното работење на оваа влада секојдневно го зголемува долгот на државата и тој вртоглаво расте. На сметка на кратење на капитални инвестиции, поголеми пензии и образованието се вработуваат партиски потрчковци и матни ликови кои работат или одработиле за нивниот шеф Заев. Неконтролираното и целосно неодговорно трошење на парите на граѓаните ќе доведе до крах во економијата и тоа се случува пред очите на јавноста. Граѓаните одамна го прочитаа Зоран Заев и неговата неспособна булумента со која е опкружен. Токму поради тоа граѓаните ќе го казнат СДС на 15-ти октомври за сите катастрофални грешки кои ги направи во период од неполни три месеци. Ќе ги казнат како што ги казнија и на 11-ти декември и еднаш засекогаш ќе ја испратат оваа патетична збирштина во македонската политичка историја, посочи Арсовски.

Top