вторник, 26 септември 2017 | Вести денес: 138 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Ибраимоски, Мерко, Шекеринска… луѓе за криминалниот карактер на партијата

Залудно преку некои неаргументирани пресуди СДСМ се обидува од заплашените судии да добие ветар во грб и да ја манипулира јавноста дека сите се исти, регира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за пресудите за градоначалниците Ристески и Панов.

„Зоран Заев – тежок криминалец, два пати аболициран. Еднаш за криминал од 8 милиони евра за „Глобал“ од страна на Бранко Црвенковски. Втор пат за случајот „Пуч“. Во моментов е обвинет за земање поткуп од 200.000 евра за Вицето. Цела јавност го виде како бесрамно бара пари „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.

Самка Ибраимоски – политичар без никакви успеси во својата политичка кариера. Позади него има голем скандал, во 2011-та година тој за да купи гласови за СДС од Ромите, им даваше расипано месо. Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која е сместен изборен штаб на СДС.

Рамиз Мерко – осомничен за злоупотреба на службената должност и е под истрага од страна на ОЈО. Мерко воедно е под истрага за злоупотреба на постапката при јавен повик. Мерко на градоначалничката функција го замени Зијадин Села, сегашниот коалициски партнер во новата влада, кој го обвинуваше дека кога го водел градот ја злоупотребил службената положба и во два наврати овозможил незаконска легализација на делови од Меѓународниот универзитет, со што го оштетил буџетот на општината за над 70.000 евра.

Радмила Шекеринска – запаметена по бонбона бизнисот со продажбата на ЕСМ, сметката за таквиот бизнис, граѓаните на Република Македонија ја плаќаат и денес. Згора на сето тоа Шекеринска сама на себе си изнајмуваше станови.

Списокот е долг. Прочитајте што вели вашиот Шиповиќ за вашиот Жерновски. Од чауши, преку хаџибулиќи, па сѐ до соколи. Сите соработници на Заев се бирани за да одговараат на криминалниот карактер на партијата. Колку поголем криминалец, толку повисока функција. Тоа е денес СДС криминална. Граѓаните ќе ја казнат СДС криминална на 15-ти октомври“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ излезе со соопштение дека судските пресуди против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов се првите институционално потврдени докази за, како што наведува во соопштение, децениското криминално, коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на секое ниво на власт.

– ВМРО-ДПМНЕ има веќе двајца градночалници кои се осудени за несовесно и неодговорно владеење, а уште еден градоначалник, Владимир Талевски е првоосомничен во случај на Специјалното јавно обвинителство за сторен криминал тежок 360.000 евра, пари на граѓаните. По ова, логично се поставува прашањето уште колку криминалци градоначалници има во редовите на ВМРО-ДПМНЕ?, стои во соопштението.

Очигледно е, се додава, дека градоначалниците Панов, Ристески и Талевски ревносно го следеле примерот на нивниот лидер Никола Груевски кога во прашање било незаконското работење и криминално богатење.

Според СДСМ, сите градоначалници кои краделе, уценувале, поткупувале и се богателе на сметка на осиромашените граѓани ќе мора да понесат политичка, а потоа и правна одговорност за своите постапки.

Top