среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Дејвид Боуви добил понуда да има секс со мртво тело – шокантна биографија за животот на музичарот

– Дејвид Боуви водел крајно разуздан живот, открива новата биографија за славниот музичар „David Bowie: А Life”.

Во книгата на уредникот на магазинот „GQ“, Дилан Џонс, се наведува дека починатиот уметник бил зависник од секс и кокаин и дека се впуштал и во ризични оргии и секс со малолетници.

Боуви и самиот, неколку месеци пред смртта, призна дека во младоста бил „неверојатно промискуитетен“ и дека еднаш дури добил понуда да има секс со мртво тело, што ја одбил.

Во книгата се открива и дека наводно тој бил во врска со пејачката Дејна Гилеспи, кога таа била на возраст од само 13-14 години, и детали од кратките афери со Елизабет Тејлор и Сузан Сарандон.

Од 1992 година беше во брак со манекенката  Иман, а нивната единствена ќерка Лекси е родена во 2000 година.

Боуви почина на 10 јануари 2016 година од карцином

Top