вторник, 26 септември 2017 | Вести денес: 139 ново

Заев ветил враќање на бугарската плоча на Кајмакчалан?!

Бугарскиот ловец на мигранти Динко Велев за бугарските медиуми тврди дека Зоран Заев му ветил дека ќе дозволи враќање на спомен плочата која што лани ја искрши македонскиот новинар Миленко Неделковски, објави expres.mk.

Спомен плочата беше поставена на тајна церемонија од страна на бугарски активисти кои што без дозвола сакаа да подигнат паметник на бугарските војници и офицери загинати во првата светска војна. Според бугарската историографија сите војници кои што се бореле во редовите на бугарската армија во балканските војни и во прватска светска војна се Бугари. Во двете војни во 1912 и 1913 година и во првата светска војна, на различни страни, Бугарска, Српска и Грчка, се бореле десетици илјади Македонци од сите делови на Македонија а најмалку десетина илјади од нив загинале.

Динко Велев, во Бугарија познат како Динко од Јамбол, во источниот сосед е познат како ловец на мигранти кои што на пат од Сирија и Ирак заминуваа во ЕУ преку бугарска територија. За насилсвто врз мигранти Велев беше осуден на неколку месечна казна која што ја одлежа и излезе од затвор пред 3 месеци. Веднаш по излегувањето од затвор тој се обидел да влезе во Македонија за да се пресмета со Неделковски но македонските гранични служби не му дозволија влез во земјава.

Пред десетина дена на фејсбук Велев објави фотографија со премиерот Заев фотографирана во Струмица. Тогаш од македонската Влада демантираа дека имало средба – за време Фестивалот Струмица Опен, се фотографирал со многумина, меѓу кои и со Велев.

Заев се сретна со Динко, бугарскиот ловец на мигранти (фото)

Top