среда, 21 февруари 2018 | Вести денес: 71 ново

Моите деца имаат хроничен недостиг на татко

Македонската пејачка, водителка и авторка на книги Сузана Турунџиева сподели емотивна фотографија на која таа во прегратка ги има своите две ќерки, повозрасната Лора и помалата Матеа. Таа напиша и емотивна порака во која вели:

„Ако си мајка на деца што имаат хроничен недостиг на татко, а патем соништата се едно, а реалноста друго, кога желбите се големи, а можностите мали, секогаш имај на ум дека имаш две раце кои секогаш треба да бидат доволно големи за силно да ги прегрнеш и заштитиш и со многу труд, љубов и посветеност да ги водиш низ џунглата наречена живот, во која преживуваат само најжилавите“, вели Турунџиева.

Сузана беше во брак со пливачот Александар Маленко со кого ја има ќеркичката Лора, а ја има и ќеркичката Матеа од бракот со Маријан, кој пред една година ненадејно почина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top