среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 100 ново

Косово во драматична завршница ја совлада Естонија, Македонија се збогува од квалификациите за СП 2019!


Во драматична завршница, Косово триумфираше над Естонија, па нашиот северен сосед ќе игра во квалификациите за СП 2019.

Македонија имаше очајни претквалификации, со една победа и три порази, и вечерва требаше да чекаме услуга од Естонија.

Средбата во Приштина беше прилично изедначена, првата четвртина ја добија домаќините со 24-22, но вторите десет минути и припаднаа на Естонија, па гостите на полувреме заминаа со +3 (35-38).

Косово беше подобар противник во третата четвртина, овој период го доби со 19-14 и во завршницата влезе со +2 (54-52).

Во последните десет минути, се играше кош за кош, и на една минута до крајот Естонија изедначи на 69-69.

Но потоа домаќините погодија тројка за дилириум во салата, а потоа и уште две слободни фрлања за победа од 75-69 и огромна радост на паркетот.

Top