вторник, 26 септември 2017 | Вести денес: 138 ново

Жителите на Центар Жупа до Груевски: Си останавте на зборот

Последниот пат кога ја посетивме Центар Жупа, жителите ни рекоа, многумина порано ни ветуваа, но не исполнуваа, од вас бараме да го изградите патот за Центар Жупа. Тогаш им дадовме ветување и тоа го исполнивме. Жителите на Центар Жупа добија реконстуиран регионален пат: Мелнички мост- Ценар Жупа за што се инвестираа 1.2 милиони евра, напиша Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска е во посета на мавровско-реканскиот крај и реонот на Центар Жупа.

-Минатата година се асфалтираше патот Голем Папрадник – Центар Жупа во вредност од 180 000 евра. Се асфалтираше и патот Житинени – Центар Жупа во вредност од 120 000 евра. Се почна со изградба на спортска сала во средното училиште во Центар Жупа во вредност од 280 000 евра, како и изградба на спортски терени во Центар Жупа во вредност од 80 000 евра. Се реконструираше и патот кон селото Новак кој беше во многу лоша состојба и за кој се инвестираа 360 000 евра. Денес со жителите на Центар Жупа имавме пријателски и искрен разговор. Ми рекоа си останавте на зборот, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Top