вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 105 ново

Печените пиперки им донесоа само неволји: Семејството Алексиќ во затвор поради правење ајвар

Според канадскиот закон за непочитување на забраната за палење на оган на отворен простор во одредено време казната изнесува 50.000$, а кој нема да плати, оди во затвор една година

Семејството Алексиќ, кое одамна живее во Канада, не се откажува од традицијата. Но, ајварот и печиените пиперки им донесоа само неволји.

Со години печеме пиперки и правиме ајвар во нашиот двор. И не само ајвар, туку и кисели краставички и друга зимница, и досега никој не ни забележал. Јас живеам во Канада од 1989 година и ги знам сите нивни прописи. Затоа и не запалив оган на отворено, туку во буре, а озгора ставив решетка за скара. Сепак, очигледно е дека некому му пречело. Се сомневам во сосетката. Ни влетаа полажрникари во дворот, а по неколку дена добивме и тужба – објаснува Горан Алексиќ и додава дека на неколку рочишта со канадските судии имал сериозни проблеми.

Горан објаснува дека според канадскиот закон за непочитување на забраната за палење на оган на отворен простор во одредено време казната изнесува 50.000$, а кој нема да плати, оди во затвор една година.
Сепак, е оптимист и се надева на среќен крај.

Top