среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Уште една голема ѕвезда го пропушта Евробаскетот

Претстојното Европско првенство во кошарка ќе биде осиромашено со неиграњето на уште една голема ѕвезда, грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо.
Тој се наоѓаше во Азија на промоција со својот тим Милвоки бакс, веќе извесно време влечеше незгодна повреда, но и покрај напорите не успеа да се рехабилитира целосно за да настапи на Евробаскет 2017.
-Сакам да ги известам сите дека нема да бидам во можност да играм за Грција на Евробаскет 2017. Сето ова време се притискав самиот себе, вежбав за да докажам дека ќе бидам подготвен за официјалните средби, но паднав на последните тестови и јасно е дека морам да одморам во следниот период – истакна Антетокумпо.

Top