понеделник, 26 февруари 2018 | Вести денес: 3 ново

Денеска сончево и топло, од утре пресврт на времето!

Времето денес во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура од 29 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од променлив правец.  

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 37 степени.

Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, оваа облачност ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во западните делови на некои места можни се поинтензивни врнежи. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top