понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Еден ден плус во распустот: Новата учебната година ќе започне на 4 септември

Учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне на 4 септември (понеделник), информира денеска Министерството за образование и наука. Учениците ќе добијат еден ден плус за распуст, 1-ви септември кој годинава се паѓа во петок.

Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во Службен весник на Република Македонија.

Од МОН во соопштението на сите ученици, наставници и професори им посакуваат успех во новата учебна година.

Top