понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

МТСП: Родителите не треба да ги земаат децата во 14.30 по воведувањето на двосменското работење

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на прес-конференција ја соопшти Одлуката на Владата од 1 септември градинките да работат во две смени.

Иако родителите ја поздравуваат одлуката, таа отвори дилеми во врска со начинот како ќе се спроведе двосменското работење на градинките и дали тоа ќе влијае на цената на услугата.

Од МТСП за „Република“ велат дека ќе им се остави простор на градинките сами да одлучат како ќе го спроведат двосмеснкто работење.

Секоја градинка ќе има можност самата да го организира работењето според потребите и можностите. За принципот на работа ќе треба да го известат Секторот за заштита на децата во МТСП, велат од Одделението за односи со јавноста во МТСП.

Оттаму појаснуваат дека ќе се зголеми персоналот во соработка со општините, кои ќе треба да го обезбедат кадарот за кој ќе се јави потреба.

Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи. Државата ќе им излезе во пресрет на родителите кои работат во смени или немаат фиксно работно време. Термините што ги објави министерката не се однесуваат на престојот на децата во градинака, туку го регулираат работното време на администрацијата, воспитувачките и негувателките. Одлуката на Министерството не навлегува во времетраењето на престојот на децата. Со други зборови, родителите нама да мора да си ги земат децата во 14.30, туку како и досега кога ќе завршат со работа, велат од Одделението за односи со јавноста во МТСП.

До 1 септември во градинките ќе се органзираат и родителите ќе ги добијат деталите за новиот принцип на работа на градинките.

Top