сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Тригодишно дете најмала жртва, седумгодишно исчезна по нападот во Барселона

Седумгодишно дете од Велика Британија исчезна по нападот во Барселона, откако се разделило од неговата мајка која останала тешко повредена на улица. Таткото и роднините го бараат Џулијан Кадман преку овластените органи и медиумите.

Покрај Кадман, чија состојба не е позната, во нападот загинало тригодишно дете кое било однесено во болница, но било предоцна за да се направи нешто.

Петнаесет од околу стоте жртви синоќа биле во критична состојба. Француските власти потврдија дека меѓу повредените има барем 26 нивни граѓани, а белгиските дека еден од загинатите е од оваа земја.

Меѓу загинатите, според она што е потврдено, се и три германски граѓани.

Top