сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Жртвите во Барселона од 24 држави

Шпанските власти наведоа дека во терористичкиот напад што вчера се случи во Барселона настрадале државјани од најмалку 24 држави, меѓу кои и Македонија.

Според податоците од шпанската Агенција за цивилна заштита меѓу жртвите има државјани на Франција, Германија, Шпанија, Холандија, Аргентина, Венецуела, Белгија, Австралија, Тајван, Хонгконг, Унгарија, Перу, Северна Ирска, Грција, Куба, Македонија, Кина, Италија, Романија и Алжир.

Македонски граѓанин повреден во нападот во Барселона

Портпаролот на агенцијата за цивилна заштита на Шпанија за медиумите не открил дали граѓаните на наведените држави се меѓу загинатите или меѓу повредените.

Top