недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 59 ново

Со шест гола во мрежата Шкендија се збогува од групната фаза на ЛЕ

По првиот меч, одигран на „Сан Сиро“, италијанскиот гигант Милан со 6-0 го декласира македонскиот вицепрвак Шкендија, во првиот меч од нокаут фазата за пласман во Лигата на Европа.

„Росонерите“ напаѓаа во текот на целиот меч, а на крајот се радуваа на пет погодоци. Серијата голови ја отвори Андре Силва во 13 минута, а до полувремето имаше уште два гола. Рикардо Монтоливо погоди во 25 минута за 2:0, а три минути подоцна, Силва со својот втор гол го однесе Милан на полувреме со предност од три погодоци.

Ништо не се смени ниту во вториот дел. Милан продолжи да напаѓа. Фабио Борини во 67 минута зголеми на 4:0, а две минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Лука Антонели. Во 85 минута точка на голеадата стави Монтоливо со својот втор погодок, за конечни 6:0.

По овој резултат, стана јасно дека реваншот на 24 август во Скопје, во ќе биде само формалност, а Милан сигурно ќе оди во групната фаза од Лигата на Европа.

Извор: Спортмедија

Top