вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 107 ново

Кочаман: Сигурен сум дека ќе ја анулираме негативата на домашен терен

Предводникот на турскиот гигант Фенербахче, Ајкут Кочаман, по поразот од Вардар со 2:0 во првиот натпревар од плејоф фазата во ЛЕ, истакна дека овој резултат и тоа како не е поволен за неговиот тим, но смета дека на реваншот ќе успее да ја анулира негативата и да обезбеди пласман во групната фаза

– Си ја отежнавме работата, иако сметавме дека ќе направиме поволен резултат на овој дуел. На почетокот имавме неколку удари кон противничкиот гол, но не успеавме да погодиме. Мораме да се подготвиме физички и да успееме да ја анулираме негативата на домашен терен. Ова тежок период за нас, пред се поради отсуството на неколку фудбалери од кои и Ван Перси, но по првенствениот натпревар против Трабзонспор, погледот ќе го насочиме токму кон реваншот против Вардар. Ова не е резултат од кој се надевавме, но одиме понатаму, има уште еден натпревар и сметам дека имамме можност да се пласираме во групната фаза. Верувам дека пред нашата публика ќе успееме да дојдеме до резултат кој ќе не однесе во групната фаза во Лигата на Европа, изјави Кочаман.

Top