среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 100 ново

Талат признава дека го крши законот со разрешувањето на Марко Зврлевски и се повикува на имунитет (ВИДЕО)

Талат Џафери го оправда незаконското гласање на пратениците на парламентарното мнозинство така што го изманипулира Законот за Собрание.

И покрај мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата каде се посочува дека не смее да има разрешување или менување на функционери назначени од Собранието или од Владата, сепак Џафери продолжи со седницата притоа цитирајќи го членот 2 од Законот за Собрание, во кој е пропишано дека пратениците не можат да бидат повикани на одговороност за гласање.

„Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или гласање во Собранието“, читаше  Џафери.

Тој исто така, посочи и дека Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршењето на функцијата пратеник, со што ги амнестира пратениците кои незаконски со 64 гласа ЗА изгласаа смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Top