среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Необична карта: Кога планетите би биле континенти… (ФОТО)

Поранешен програмер на НАСА и роботичар Рандал Мунро изработил необична карта на светот, на која ги претставил планетите и други небесни тела како континенти споредувајќи ги меѓусебе и со веќепостоечките континенти. Планетите се одделени од континентот Земја со океани и поредени една до друга на основа на нивната површина. На картата јасно се гледа дека Јупитеровата месечина Ганимед и Сатурновата Титан се поголеми од Меркур. Европа, пак, месечината на Јупитер, има приближно иста површина со Африка, континентот, а Сатурновиот Енцеладус е едвај поголем од Јапонија.

Top