вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 77 ново

И босанските кадети пресилни за нашите

Машката кадетска селекција на Македонија продолжи со лошите игри и уште полоши резултати на ЕП од Дивизијата „Б“ во Софија. Босанците направија разлика во втората четвртина и заминаа на одмор со двоцифрена позитива (42-31). Предноста ја зголемија во третата четвртина (61-45), а иако ја добивме последната, лошата игра на нашите момци беше казнета со конечен резултат 82-67.

Најмладиот член на нашата селекција беше и најуспешен. Марко Миловановиќ реализира 17 поени, 9 скока и 4 асистенции. Дамјан Бошковски беше реализатор на 16 поени и пет скока, а Лука Наумовски на уште десет поени и шест скока.

Top