вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 101 ново

Разрешен јавниот обвинител Марко Зврлевски

Со 64 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието попладнево го разреши досегашниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски.

Пред гласањето пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата, бидејќи не се согласуваат со одлуката спикерот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско.

Пред оваа седница Џафери ја отвори осмата седница, на која Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ му посочи на собранискиот спикер дека Антикорупциската комисија доставила мислење според кое евентуално разрешување на Зврлевски би било незаконско.

Top