вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 34 ново

Презакажана собраниската седница: Талат не може да ги собере уморните пратеници на СДС од плажа

Претседателот на Собранието Талат Џафери не може да ги собере пратениците на СДСМ, кои според одредени информации во моментов уживаат на плажа, иако Собранието нема одмор. Седницата закажана за 11 часот, Џафери ја презакажа за во 15 часот.

Иако токму пратениците на СДСМ најавија дека нема да одат на одмор додека не биде сменет Марко Зврлевски, а претседателот на Собранието Џафери го потврди истото, сепак во последните денови можеше да се примети дека во Собранието дел од пратениците на владеачкото мнозинство, од кои некои веќе се пожалија дека се преморени од работа, ги нема. Денешната седница тој ја одложи од 11 часот за во 15 часот, очигледно е дека ќе мора да ги почека пратениците на СДСМ да дојдат од плажа за противзаконски да ја изгласаат смената на јавниот обвинител Зврлевски.

Откако Антикорупциска вчера потврди дека расправата за менување и именување на функционери не смее да ја има од распишувањето на изборите до нивното одржување, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ решија да ја напуштат расправата, за која како што кажа Илија Димовски е незаконска.

– Нашата цел е постигната, ние од самиот старт знаевме дека ова тесно мнозинство е одлучено да го разреши Зврлевски и немавме никаква дилема дека тоа е донесена политичка и партиска одлука од штабот на СДСМ, нити во одреден момент мислевме дека со дискусија ќе смениме мислење на овие 62 пратеници. Но во исто време целата јавност дозна дека СДСМ е спремен грубо, дрско да крши закон и да крши најзначајно изборен закон и во оваа постапка, во Собранието, но и во сите други постапки во оваа држава, изјави Димовски.

Димовски кажа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на за подобра Македонија, ќе ја напуштат оваа точка од седницата и иако има пријавени 9 луѓе за реплики, нема повеќе да учествуваат во оваа протизаконска постапка.

– Ние немаме намера повеќе да бидеме дел од противзаконски постапки. На било која друга седница која што ќе ја закажете утре,задутре или било кој друг, кога ќе разговараме за егзистенцијални проблеми на граѓаните, ние ќе дојдеме, но на се што е противзаконско, сега и со документ, нема да присуствуваме, изјави Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top