недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 59 ново

Од цифрата боли глава-Лукас и дава големи пари на Соња, за да не влезе во „Задруга“

Огромно внимание привлече информацијата дека Соња Вуксановиќ ќе учествува во реалното шоу Задруга, а како што се зборува Аца Лукас наводно е подготвен на сопругата да и плати дури 100.000 евра само таа да не се појави пред камерите.

-Кога дознал дека Жељко и Милица ја врбуваат Соња да влезе во Задруга, Аца полуде од мака и реши да и понуди многу кеш, за да ја спречи во тоа. Толку многу е исплашен дека ќе протечат неговите тајни што е подготвен да и исплати 100.000 евра само таа да не излезе пред камерите. Ако Соња го разврзе јазикот, Аца би можел да им се замери на опасни момци. Лукас како змија нозете ги крие своите работења, долгови, проблеми со коцката, банковните сметки, но и проблемите кои ги имал со жестоките момчиња-рекол извор близок на Соња.

-Соња пак оди на финални разговори со продукцијата. Ако нешто не се смени во последен момент, таа од 6 септември ќе биде дел од реалното шоу. Не се согласила на уцената на поранешниот маж, бидејќи е бесна на него поради аферата со Ана Севиќ-додал изворот.

Top