среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 100 ново

Тагувала со години-една од најубавите српски актерки зад насмевката крие голема болка

Додека младите актерки изигруваат ѕвезди, таа не мора тоа да го прави.Таа е ѕвезда и една од најубавите и најдобри актерки. Тања Бошковиќ е отмена и убава и во 65 година зрачи, а единствено нешто што во животот не знаела е да се омажи.

-Се вљубував многу, но немав среќа. Бог не ми даде талент да направам врски, умеев само да бидам пријател. Друго, имав пример од своите родители и ништо помалку од тоа не ми беше доволно- раскажала Тања и се присетила кога во еден момент, Богдан Тирнаниќ и рекол:Половина Белград е заљубен во тебе, а ти седиш и плетеш!

-Некогаш многу страдав што момчињата ме остваа брзо, без објаснување.Мислев дека сум досадна и најлоша на свет и дека никој не ме сака. Всушност не ме сакаа онака како што очекував, безусловно и до крај на животот-вели Тања која страда само по едно.

-Мене ми е жал што не успеав да се омажам. Едноставно Господ не ми го даде тој подарок, но ми даде други подароци. На тоа бескрајно сум благодарна. Но ова не умеев да го направам-била искрена Тања.

Top