понеделник, 26 февруари 2018 | Вести денес: 3 ново

Турција им забрани на полицајците да се викаат „бате“ и „дадо“ меѓу себе

Дирекцијата за безбедност во турскиот главен град Анкара издала наредба со која им се забранува на полицајците да користат „фамилијарни“ зборови, изрази и обраќања додека се на служба.

На интернет страницата на анкарската полиција е даден список со забранети изрази. Меѓу нив е и популарното „бате“ (аби) и „дадо“ (абла).

Наведените изрази се жаргонски и нивно користење од полицајци за време на работното време го урива имиџот на полицијата во општеството, се наведува во наредбата.

Во системот на турската полиција ќе се организираат семинари за прочистување на фамилијарните зборови од речникот на полицајците, јави БТА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top