среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Клучен меч за Македонија: Нашите кошаркари од 17.30 часот на мегдан со Естонија

Македонските кошаркари денес се исправени пред најсериозниот тест во овие претквалификации, екипата на Естонија која треба да ја победат за да заверат пласман во следната фаза. Избраниците на Јорданчо Давитков треба да го одиграат најдобриот натпревар во овие претквалификации за да направат успех во Талин и да се вратат со пласман во квалификациите за СП 2019.

 Селекторот ќе ги има на располагање сите кошаркари, а подготвен ќе биде и Димче Тасовски кој се жалеше на повреда. Во изминатите три меча Македонија оствари триумф само над Косово.
Доколку ја победиме Естонија, сигурно ќе бидеме меѓу првите две селекции во групата и ќе обезбедиме место во квалификациите. Со пораз ќе го чекаме исходот од мечот помеѓу Косово и Естонија кој ќе мора да го добијат Естонците за ние да се пласираме понатаму.
Натпреварот се игра со почеток од 17:30, со директен пренос на македонската телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top