среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 100 ново

МВР издава пасоши само на албански јазик

МВР ги издава патните исправи со задоцнување, но не сите, туку само оние за кои граѓаните поднеле барање да бидат изработени на македонски јазик. По итна постапка и во законскиот рок се издаваат само патните исправи на албански јазик.

Според информациите причина за доцнењето на патните исправи е недостаток на обрасци на македонски јазик кои Министерството за внатрешни работи имало обврска да ги набави пред неколку месеци со цел да не дојде до вакви проблеми во летниот период, кога и е најголема побарувачката за пасоши. Сепак, постапката за набавка на овие обрасци се уште не е започната, дознава Курир.

Ваквиот однос на Министерството за внатрешни работи предизвика сериозен револт кај граѓаните на кои им било сугерирано дека доколку сакаат патна исправа по итна постапка, таа може да биде само на албански јазик. За патните исправи на македонски јазик се чека повеќе и од законски предвидените 15 дена.

Согласно членот 36 од Законот за патни исправи на Република Македонија, Министерството има обврска патната исправа да ја издаде во рок од 15 дена од приемот на барањето. Но, според изјавите на граѓаните Министерството за внатрешни работи во изминатиот период секојдневно свесно, поради свој пропуст го крши законот.

Top