недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 58 ново

Паника во Истанбул: Вооружен маж од покрив на зграда пукал во возила (Видео)

Од покривот на една станбена зграда во Инстанбул, попладнево вооружен маж отворил оган кон неколку возила во движење, јавува „Раша тудеј“. На видеото од инцидентот може да се види како тој мавта со оружјето додека надлежните од полицијата се обидуваат да преговараат со него.

Според пишувањата на турските медиуми, за среќа никој не настрадал од неговите напади врз возилата, а полицијата се обидува безбедно и без понатамошни инциденти да го симне од кровот.

Top