четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 91 ново

Зошто продолжувате да му се враќате одново и одново… на бившиот?!

Едноставно, тој е тој што едноставно не можете да го оставите? Е, па време е да се обидете!

1. Овој пат ќе биде поразлично

Зошто мислите дека сега ќе биде поразлично? Жените имаат лоша навика да веруваат дека работите ќе се променат. Секогаш мислите дека тој нема да ја повтори истата грешка, но грешите. Едноставно своеволно влегувате во маѓепсаниот круг. Тешко е да размислувате реално кога го потиснувате фактот дека тој само ве користи кога му одговара. Очигледно е дека тој не го почитува вашиот труд.

2. Тој е резервен план

Кога работите ќе тргнат наопаку, тој е тука. Тој ги решава вашите проблеми, ги поправа грешките, спасува, слуша, навива за вас, се грижи за вашето здравје. Искрено, дами, не би требало да трчате по него секојпат кога работите ќе тргнат во спротивниот правец од посакуваниот. Морате да научите дека во животот треба сами да се изборите со проблемите. Покрај тоа, зошто му се јавувате само нему кога имате проблем? Кој било пријател може да ви помогне.

3. Болката е составен дел од секоја врска

Сте се убедиле себеси дека болката и скршеното срце е составен дел од секое љубовно искуство. Да, вистина е, пресврти се случуваат. Но, врската треба да има повеќе подеми отколку падови за да можете да ја наречете здрава врска и врска за која вреди да се борите. Жената треба да ужива во присуството на мажот, а не да живее во страв и меланхолија, а истото важи и за мажот. Човекот кој не дава сѐ од себе за да се почувствувате сакано не е вреден за вашето внимание.

4. Дали промената за него ја прави врската успешна?

Тешко. Доколку се промените за да постигнете нешто, тоа ќе покаже дека сте очајни и несигурни, а тој ќе го искористи тоа како предности. И секако, нема ниту малку да го цени вашиот труд.

5. Вие сте погрешиле

Ако се случило ова, тогаш сте свесни дека тој не ја уништил врската. Морате да разберете дека тој треба да одлучи дали ќе ве прифати назад или не. Доколку ве прифати назад, тогаш обидете се да бидете она што сте ветиле дека ќе бидете. Доколку ве одбие, прифатете го тоа. Нема потреба за лутење и бес. Наместо да продолжувате одново и одново да му се наметнувате, пуштете го. Прифатите дека сте направиле грешка и дека сте направиле сѐ за да го поправите тоа. Време е да продолжите понатаму.

Top