среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Пејачката Симона Попоска се омажи за својот сакан Крис! (фото)

Речиси една година откако нејзиното момче Кристијан ја запроси за време на едно патување во Италија, пејачката Симона Попоска ја откри добро чуваната тајна – дека реши да му стави крај на моминскиот живот!

А се излезе на виделина откако во неделата во нејзиниот роден Охрид се случи голема прослава за најблиските роднини и пријатели, која всушност треба да биде увертира за свадбата закажана за напролет.

Симона и Крис романтичната забава организирана во еден ресторан лоциран на самиот езерски брег, а по повод свршувачката, на која ставија потпис и во матично, ја подготвувале одамна зашто сакале се да биде под конец и филмска, каква што всушност е и нивната љубов. Моментот на откривање во јавноста дека најубавата докторка меѓу пејачките и обратно, сега носи прстен на рака Симона сакала да биде посебен, па со нејзиниот партнер, инаку сопственик на продавница за облека на еден машки бренд, претходно направиле и фотосесија сакајќи преку фотки на јавноста да и ја откријат својата тајна. На фотките тој во костум, таа во гламурозна тоалета преку неколку пораки откриваат дека еден на друг си се заколнале на вечна љубов.

На неделната забава, пак, сценариото било ептен филмско – љубениот ја чека крај масата на која се одржала венчавката, татко и ја носи до него, во позадина романтично зајдисонце, нежна музика… Па може ли да се посака нешто повеќе?!
Честитки!

 

 

Top