четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Застреланиот малолетник бил на распуст во Македонија

Малолетникот Д.Т. (16), кого пред два дена го застрела полициски службеник во Струмица, сè уште се наоѓа на КАРИЛ, но нема нови информации за неговата состојба.

Како што пишува порталот Инфомакс, детето живеело во Словенија, а во земјава било додјено на летен одмор. Неговите родители не се во државава и сè уште нема нивна јавна реакција за целото случување, пишува порталот.

„Два дена го нема ниту Оливер Спасовски, ниту кој било од МВР да изрази жалење и да преземе одговорност за бруталното и незаконско однесување на струмичката полиција. Началникот на СВР Струмица ја ужива партиската доверба на Оливер Спасовски и целосно е под негова заштита. Одговорност нема. Ниту од Оливер Спасовски, ниту од началникот на струмичката полиција Пројковски. Тоа што зачудува е што нема реакција од родителите на застреланиот Д.Т.. Дали некој им се заканувал или се обидел да ги замолкне на друг начин? Ова е дилемата која што ни се наметна. Се обидовме да провериме за што станува збор. Преку контакти во Радовиш дознавме дека Д.Т. и родителите живееле во Словенија, каде пред подолг период се заминати на печалба“ пишува Инфомакс.

Според информациите на порталот момчето пред неколку дена пристигнало во земјава за да го помине летото тука.

Д.Т. во моментов се уште е згрижен на КАРИЛ, откако во животно загрозувачка состојба беше пренесен од Струмица за Скопје. Неговиот пријател 17 годишниот А.Ѓ., кој беше застрелан во натколеницата, сè уште се наоѓа во струмичката болница откако му беше извршена хируршка интервенција.

Top